Хрватската радио телевизија (ХРТ) ја потресе јавноста со својот нов документарен филм кој се осврнува на кобниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Филмот, како што пренесуваат гледачите, на емотивен и достоен начин ја прикажува трагедијата во која згаснаа животите на млади луѓе, оставајќи длабока рана во македонското општество.
На социјалните мрежи се шират коментари од луѓе кои го погледнале документарецот, а многумина споделуваат дека филмот е толку силен што предизвикува неконтролирани солзи.
Пораката која преовладува е дека вакви трагедии не смеат да се заборават и дека треба да се работи на превенција за да не се повторат никогаш повеќе.