Зовре атосферата во Собрание: Вербален судир помеѓу Апасиев и Мицкоски

Високи тонови и испраќање „отровни стрели“ на денешната седница во Собранието, од која еден дел е одвоен и за пратенички прашања. Во одговорот на прашањето на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, премиерот Христијан Мицкоски го условувал пратеникот со „Димче“. Во репликата, Апасиев му рече дека не се согласува со зборовите на премиерот.

-Почитуван северномакедонски премиер, гледам дека Димче ме викате неколку пати. Димче само мајка ми може да ме вика, така да јас може вас да ве викам Мицика, со оглед дека нема реакција од заменик-претседателот на Собранието, рече Апасиев од собраниската говорница.

Претседателот на Левица во својот одговор се надоврза на претходните коментари на Мицкоски.

-Зборувате за се друго и правите флека, а не зборувате смао за тоа што ве прашав. Факт е дека вашите часовници вредат повеќе од таа зграда. Ние купивме и подрумски простории. И на Заев истото му го имав кажано, да сум имал страв од вакви немаше да се занимавам со политика. Уште утре да ми поднесете кривична пријава. Нека ме викне вашиот министер и нека ме испрашува во полициска станица, рече Апасиев откако претседателот на Владата го обвини за наводна сомнителна купопродажба на канцеларии на партијата Левица во зграда во центарот на Скопје. Пратеникот додаде и дека „илегалната Бела палата само за струја плаќа 10 илјади евра месечно“.

Мицкоски покажа фотографија и купопродажен договор од деловниот објект кој го купил Левица за ново партиско седиште.

Според Мицкоски, Левица купила оттуѓен деловен објект, продаван од деловна банка, во зграда зад седиштето на А1 Македонија во центарот на Скопје. Според Мицкоски најсимптоматично е тоа што е купен просторот за 721 евра по метар квадратен. Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на тоа му реагираше дека просториите биле подрумски и приземни.

– На 26 ноември 2024 Левица купила деловен имот од 409 м2 на адвокатската улица зад седиштето на зградата на компанијата А1 за цена од 295.000 евра со ДДВ или просечно 721 евро согласно овој договор. Ова е кривично дело затоа што Градот Скопје ви пресметал дека тој вреди најмалку 1.150 евра по квадрат, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека оваа цена е нереална, ако се знае дека преку УНИ Банка се продава и деловниот центар „Соравиа“. Овој објект е на продажќба на 24 април со почетна цена од 22,4 милиони евра на оглас издаден од извршителот Андреа Буневски.

– Ќе се обратам до Финансиска полиција да провери како политичката партија Левица потпишувајќи го овој договор сторила кривично дело, нема да кажам кое, така што го купила овој простор што вреди најмалку три пати повеќе од 721 евра по квадратен метар, а Град Скопје вели дека најмалку 50 отсто повеќе вреди, додаде Мицкоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде