На 04.04.2025 во 22.45 часот во Полициската станица Струга, било пријавено дека во Струга, на магистралниот пат А-2,
пред Полициската станица за граничен надзор Франгово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(42),
и патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(30), двајцата од с.Франгово, струшко.
Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи и уште една сопатничка од патничкото возило „фолксваген голф“ А.Д.(44) од с.Франгово, струшко, констатирани во Медицинскиот центар-Струга.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга
