Детална временска прогноза за денеска: Еве какво време ја очекува Македонија

Денеска поради продор на многу ладен бран директно од Сибир кон нашата Република Македонија, ќе дојде до формирање на секундарен снежен циклон, а температурите ќе опаднат за 10 до 15 степени во однос на оние кои ги имавме вчера.

Токму овој циклон ќе условува пообилни врнежи кои освен на повисоките населени места и на планините, како и на Скијачките центри, да преминуваат во врнежи од снег во повеќето пониски места (градови).

Сето ова ќе биде проследено со повремено силен ветер од северен правец (над 65 км/час).

На планините и на Скијачките центри ќе се формира снежна покривка од 10 до 20 cм, во делови од овие места таа ќе биде со висина дури и од над 30 cм. Што се однесува до градовите, снежната покривка особено во западната половина од нашата Република Македонија ќе биде со висина од 5 до 10 cм, во делови од градовите таа би можела да биде и малку поголема.

Во останатите делови од Македонија снежната поркивка ќе биде многу мала, а особено во Повардарието и во југоисточните предели таа речиси и дека ќе ја нема.

Што се однесува до времето во Скопје, денеска ќе има врнежи, кои на околните планини, а потоа и во повисоките предели од котлината ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка, особено на околните планини. Слабо провејување на снег би можело да има и во делови од пониските делови од котлината. И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен северен ветер (над 60 км/час).

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде