Тажна објава на сопругата на еден од загинатите членови на групата ДНК кои настрадаа на 16 март во несреќата во Кочани.
Гитаристот Александар Коларов од Штип загина во страшниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Тој беше еден од членовите на бендот ДНК кој кобната ноќ одржуваше концерт кога заради пиротехничките средства се запали кровот од дискотеката, по што пожарот за брзо време се прошири и однесе 60 млади животи.
Покрај Александар загинаа уште седум членови на бендот, меѓу кои и Андрија Ѓорѓиески, еден од фронтмените, додека Владимир Блажев- Панчо се уше е во болница.
По големата несреќа сопругата на Коларов, Маја, неколку пати сподели заеднички фотографии со својот сакан, а на една од овие објави напиша и тажна порака која никого не остави рамнодушен.
„Патувај љубов моја, во сонот ти си мојот ангел чувар“, напиша Маја на една фотографија на која нејзиниот сопруг Александар стои покрај водената површина, загледан во брановите и свртен со грбот кон неа.
Извор Glamur.mk
