Десет степени под нулата се спуштија утрово температурите на некои места низ Македонија.
Според податоците од УХМР објавени во 6 часот утрово, на Попова Шапка измерени се -10 степени, а во Ресен -8.
Денес ќе дува засилен северен ветер (над 70 km/h), а наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.
Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и ветровито со температури под просекот за овој период од годината.
Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните во постепен пораст.