Најнова вест: Снегот прави големи проблеми, излета камион – сообраќајот на овој патен правец е во прекин

Обилните врнежи од снег вечерва предизвикуваат проблеми во сообраќајот речиси низ цела Македонија.

Патниот правец Струга-Ќафасан е блокиран поради излетан камион.

Во прекин е и сообраќајот на магистралниот пат А2 Охрид- Ресен кај превојот Буково, соопштија вечерва од АМСМ.

Како што посочуваат, сообраќајот е во прекин поради случена сообраќајна незгода.

Од АМСМ известуват дека oд 20:05 часот е воведена забрана за сите видови возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан поради обилни врнежи од снег на коловозот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде