Познат идентитетот на пациентот кој почина во болница во Литванија

Александар Глигоровски е 61 жртва на пожарот во дискотеката „Пулс во Кочани3, кој беше пратен на лекување во Литванија, потврди попладнево министерот за здравство Арбен Таравари.

– Денеска во 11 часот почина и вториот пациент којшто престојуваше во Литванија, се работи за Александар Глигоровскии, роден на 7 март 1996 година, значи 29 години, којшто беше во критична состојба од почетокот – рече таравари на прес-конференција.

Глигоровски бил упатен од Општа градска болница на 17 март на лекување во Литванија.

Неговата состојба била критична од самиот почеток, но од 4 април се влошила уште повеќе. Од вчера, пациентот бил на хемодијализа и за жал денеска во 11 часот починал.

Овој е вториот пациент кој почина од оние 193 што се лекуваа.

Тој имал 35 отсто изгореници, со изгореници и на дишните патишта. Бил критичен цело време, од оние четворица критични што цело време се кажуваат. Другите двајца кои се лекуваат се стабилни. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде