Таткото на Вања: Не убедуваа дека Вања избегаала во Тетово, па во Шведска, па дека е регрутирана за ИСИС

Таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска која беше киднапирана и убиена, денеска сведочи во судница и одговара на прашањата на неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ.

Едно од прашањата на адвокатот Владимир Туфегџиќ беше: Каков беше односот на полицијата?

Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Со амонизитет. И сомнеж кон мене. Они тапкаа во место уште од самиот почеток, ми покажуваа слики од девојчиња, да потврдиме дали тоа е Вања, не убедуваа дека не си го познаваме детето, дека Вања избегала, со некој дечко накај Тетово.

Од комјутерот на Вања дознаа дека со другарче од платформата Дискорт разменувале мислења и ги споредувале Библијата и Куранот.

Па нѐ убедуваа дека се регрутила наводно за ИСИС и отпатувала во Шведска. ИСИС, јас и не знам што е тоа.“

Судијата даде пауза, па продолжува распитот од адвокатот Туфегџиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде