По кратко и тешко боледување вчера во Скопје на 71-годишна возраст почина долгогодишниот спортски новинар Драган Видиниќ.
Во својата кариера Видиниќ работеше во весникот ,,Македонски спорт” од неговото основање се до 2008 година.
Еден дел од кариерата помина во спортскиот магазин ,,Топ Спорт” и весникот ,,Спорт прес”
Низ кариерата најмногу го следеше македонскиот фудбал и ќе остане запаметен како негов голем промотор.