Трагична сообраќајна несреќа во Македонија.
Eдно лице загина, е друго е потешко повредено откако вчера на регионалниот пат Маврово -Дебар,
кај местото викано Скудрински мост, патничко возило „ленд ровер” со тетовски регистерски таблици излеталo од патот.
На лице место починал возачот Ш.С. (49) од Тетово, а неговата сопруга А.С. (47) добила тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово.
Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар во содејство до јавен обвинител.