Цеца одржа спектакуларен концерт во Врање, каде имаше поддршка од македонскиот финалист во „Ѕвездите на Гранд“, Мики Секуловски.
Концертот во еден момент бил прекинат, откако пејачката забележала девојка во публика која го веела знамето. Го позајмила и на сцената го развиори.
Инаку станува збор за Македонка која живеела во Америка и која била редовна гостинка на концертите на Цеца.
– Песната и ја посветувам на девојката во публика, која со свои другарки ме следи насекаде низ светот, каде и да одам.
Не знам досега колку ја чини ова, но тоа е љубов! Бакнеж од мене до посебната девојка и нејзините другарки, порачала Ражнатовиќ од сцената.