Уапсен директор на болница, барале мито од 20.000 евра

Директорот на специјализираната болница за Геријатрија  Мухсин Арифи е приведен под сомнение дека зел мито за да хоспитализира пациент.

Се шпекулира за сума од 20 илјади евра која не е потврдена.

Во оваа здравствена установа се примаат возрасни пациенти, во најтешка здравствена состојба, листите на чекање се големи, а бројот на кревети ограничен.

Во координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и МВР приведени се две лица под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.

Се постапува за целосно расчистување на настанот, велат од Обвинителството.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде