УХМР со најнова прогноза: Еве какво време не очекува во следните денови

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од -7 до 4, додека преку ден ќе биде од 5 до 12.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Следува период на стабилно, ветровито и потопло време со утрински температури кои до среда на повеќе места ќе бидат негативни, а во деновите потоа во постепен пораст, соопшти УХМР.

Од четврток, минималните утрински температури ќе се движат во интервал од -2 до 9, а максималните дневни од 9 до 24 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде