Украдено службеното ауди на градоначалникот на Општина Аеродром

На 7 април 2025 година, во 22 часот, градоначалникот на општина Аеродром, Д.М. (37) од Скопје, пријавил во Полициската станица Аеродром дека службено возило „Ауди“

со скопски регистарски ознаки, сопственост на општината, било украдено од гаража на булеварот „Јане Сандански“.

Според пријавата, возилото исчезнало во периодот од 15:30 часот на 4 април до 20:40 часот на 7 април.

По полициска потрага, автомобилот бил пронајден на улицата „Перо Наков“ во Скопје, но со недостасување на една од регистарските таблички.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде