Вкупно 59.681 даночни обврзници веќе поднеле МПИН пресметки за месец март.
Од нив, 30.090 даночни обврзници веќе ги платиле МПИН пресметките за исплата на мартовската плата.
До крајниот законски рок – утре, четврток до полноќ, се очекува уште 5.000 даночни обврзници да поднесат пресметки за плата за месец март.
Управата за јавни приходи е во постојана и активна комуникација со даночните обврзници и сметководителите со цел да обезбеди навремено и успешно постапување по сите барања за реиздавање на кодови за идентификација потребни при поднесувањето на МПИН пресметките.
