(Видео) Нови снимки од ноќниот клуб пред да се урне покривот

Најмалку 49 луѓе загинаа откако се урна покрив на ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република, објави CNN за нзголемениот трагичен биланс на несреќата.

Над 160 се повредени, а се уште трае потрага и извлекување на затрупани гости во клубот.

Спасувачите се обидуваат да стигнат до нив и да ги спасат. Извлечени се над 100 луѓе од под урнатините.

Според локалните власти, за време на несреќата во клубот имало многу политичари и спортисти.

На социјалните мрежи се појавија нови снимки од инцидентот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде