Легендарниот холандски фудбалски тренер Лео Бенхакер почина на 82-годишна возраст, соопшти неговото семејство. Бенхакер имаше долга и успешна кариера на клупско и меѓународно ниво.
„Дон Лео“, како што го нарекуваа, во кариерата освои два холандски шампионати со Ајакс (1980, 1990), една со Феенорд (1999) и три на клупата на Реал Мадрид (1987, 1988, 1999).
Тој е единствениот тренер кој ја освоил Ередивизијата и со Ајакс и со Феенорд.
Во два наврата ја водеше холандската репрезентација. Ги водеше „Орање“ на Светското првенство во Италија во 1990 година, а тимот со Руд Гулит, Роналд Куман и Марко ван Бастен беше елиминиран во осминафиналето од подоцнежниот светски шампион Германија.
Ротердамецот беше и национален селектор на Саудиска Арабија, Тринидад и Тобаго и Полска, а беше тренер и на Реал Сарагоса, Грасхопер, Истанбулспор, Витесе, Волендам, Клуб Америка…
„Бенхакер несомнено беше еден од најуспешните холандски менаџери во историјата. Бенхакер навистина го отелотвори концептот „граѓанин на светот““, објави Ајакс.
