Модниот свет во тага: Почина познатата манекенка со хрватско потекло

Модниот свет тагува за смртта на хрватско-австралиската манекенка Луси Марковиќ, која почина на 27-годишна возраст по долгогодишна борба со тешката болест, пишува „Сиднеј морнинг хералд“.

Марковиќ починала во текот на ноќта по серија операции за лекување на артериовенската малформација (АВМ) во мозокот – состојба во која заплетканите, абнормални крвни садови може да пукнат и да го оштетат мозочното ткиво.

„Беше во мир. Јас, нејзината мајка и мајка ми бевме со неа… Нека Луси почива во мир“, напишала рано утрово на Инстаграм нејзината партнерка Каро, која редовно ги известувала своите следбеници за нејзината состојба.

Луси е родена и израсната во Австралија, но е горда на своите хрватски корени, кои сакаше да ги истакнува во многу прилики на социјалните мрежи, а нејзината кариера беше во нагорна линија откако заврши на второто место во реалното шоу „Следниот топ модел на Австралија“ (Australia’s Next Top Model) во 2015 година, на само 16 години.

Оттогаш, таа носела ревии за некои од најпознатите дизајнерски куќи, како што се „Версаче“ и „Живанши“, и ги красела насловните страници на бројни светски модни списанија. Таа се појави и во кампањата на Викторија Бекам.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде