Вчеравечер возач прегазил 33 годишен маж во Кавадарци и избегал од местото на несреќата, соопшти МВР.
„Вчера во 20.15 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ресавска“, ул.„Јован Планински“ и ул.„Ѓорѓи Сугаре“ во Кавадарци,
патничко возило удрило во пешакот Х.И.(33) од Кавадарци, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.И., констатирани во Општата болница Кавадарци“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
