Најнова прогноза: Доаѓа нов влажен бран – ќе има врнежи од дожд и грмежи

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во текот на следната седмица, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ и истата ќе услови релативно високи пролетни температури на воздухот,

и тие речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, понекаде тие ќе се искачат  и до околу 20 степени, додека во Повардарието и во југоисточните предели тие очекувам да се искачат до околу 25 степени.

И во Скопскиот регион во текот на следната седмица ќе имаме значително потопло време со температура која ќе надминува 20 степени.

Повремено ќе засилува  и ветерот од јужен и од југоисточен правец, како во Скопје и околината, така  и во останатите предели од нашата Македонија.

Сепак времето ќе биде променливо облачно и не во целост стабилно, па така повремено и локално ќе има врнежи од дожд кои локално би можеле да бидат поројни и проследени со ретки грмежи.

Во текот на следната седмица услови за повремен локален дожд ќе има  и во Скопскиот регион.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде