Полицијата на нозе: Се трага по две девојчиња

Полицијата трага по две малолетнички кои се оддалечиле од своите домови во селата Кадино, во Скопје и Струмица.

Случаите се пријавени во текот на изминатото деноноќие, а се преземаат мерки за нивно пронаоѓање.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, денеска во 01:22 часот, во полициското одделение Петровец, И.Г. (42) од село Кадино, Скопско, пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата 15-годишна ќерка Р.Г.

Претходно, на 12.04.2025 година во 15:20 часот, во СВР Струмица, М.В. (70) пријавил дека од домот се оддалечила неговата 10-годишна внука Ј.А.

Надлежните служби преземаат мерки за лоцирање и пронаоѓање на двете малолетнички.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде