На 79-годишна возраст почина Борис Бабаровиќ Барба, легендарниот фронтмен на групата Црвени Корали, јавуваат хрватските медиуми.
Неговиот глас ја одбележа младоста на бројни генерации, а неговата харизма и енергична изведба го направија една од првите вистински рок ѕвезди на овие простори.
Загрепската вокално-инструментална група, подоцна позната како Црвени корали, започнала со работа во раните 60-ти години, првично под името Црвени Ѓаволи или Црвени дечаци.
Основана е во 1962 година од Миро Лукачиќ (соло гитара), Даворин „Дино“ Сарајлиќ-Крог (бас гитара), Руди Шимунец (ритам гитара), Медо Јосип Бадриќ (тапани) и Јеленко Миран Перковиќ (вокал).
Понесени од звукот на британските идоли како Клиф Ричард и The Shadows, тие брзо се здобија со популарност во Југославија.