Семејна вечера во Битола заврши со трагедија, откако 5-годишно дете било нападнато од куче скитник додека седело со своите најблиски, објави 4news.mk.
Настанот се случил во текот на викендот, а според информациите, детето прво му давало храна на кучето, но кога престанало – кучето го нападнало.
Според сведоштва, детето се здобило со повреди во пределот на лицето, при што му било повредено окото.
Детето било веднаш пренесено во болница, каде му била укажана лекарска помош.
Засега не е познат степенот на оштетување на окото.
Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА
Извор: 4news.mk
