Актерот Марио Ернесто Санчез, познат по улогите во во „Пороците на Мајами“ и „Сплетки“, почина на 78-годишна возраст по долго боледување.
Санчез починал утрово, според неговиот асистент, а тоа го потврдил и весникот од Јужна Флорида „Diario Las Américas“.
Тој се појави во десетици филмови и телевизиски серии. Една од најпознатите соработки беше со франшизата „Пороците на Мајами“.
Тој глумеше во пет епизоди од оригиналната серија (како возач на лимузина), а се појави и во филмската верзија од 2006 година, но во друга улога.
Санчез во последниве години главно се повлече од очите на јавноста, а едно од неговите последни интервјуа беше во 2021 година за „Islander News“.
