ДОПОЛНУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИЈАТА: Пет лица се примени на преглед по сообраќајката од кои тројца ќе бидат пуштени дома, додека двајца по снимањето на рентген, можно е да бидат препратени во блиските болници.
Читатели на delcevo365.mk јавуваат за сообраќајна несреќа во атарот на с.Стамер.
Забележано е возило на Итна помош и противпожарно возило кое се упатило кон местото на несреќата.
Она што за delcevo365 го изјавија читатели е дека сообраќајот е во прекин.
