Делчево 365 објави дека попладнево се случила сообраќајна несреќа во делчевско.
„Наши читатели јавуваат за сообраќајна несреќа во атарот на с.Стамер.
Забележано е возило на Итна помош и противпожарно возило кое се упатило кон местото на несреќата. Она што за delcevo365 го изјавија читатели е дека сообраќајот е во прекин.
Во овој момент немаме информација за евентуално повредени лица, со повеќе детали ќе ве информираме наскоро !“, објавија од Делчево 365.
