Пристигна убава вест: Пронајдени трите девојчиња по кои се трагаше – еве каде

Трите малолетни девојчиња кои вчера беа пријавени за исчезнати се пронајдени, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Девојчињата биле пронајдени во близина на местото каде што биле пријавени за исчезнати.

75-годишно лице од скопска Ќерамидница вчера во 15:15 часот, пријавил исчезнување на неговите три малолетни внуки.

„На 17.04.2025 во 15.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.А.(75) Скопје пријавил дека од семејниот дом од населба Ќерамидница се оддалечиче неговите три внуки – К.М.(15), В.М. и И.М.“, соопшти МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде