Трагична несреќа пред Велигден во Македонија, едно лице го загуби животот

Маж почина откако во домот во Кавадарци му се запалила плинска боца.

Конкретно, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Велес, ја пренесува информацијата од ТППЕ Кавадарци дека од 09.24 до 10.10 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило гаснеле запалена

плинска боца во куќа на ул. „Страшо Пинџур“ бр. 37 во Кавадарци, при што на местото на пожарот било пронајдено машко повозрасно лице кое најверојатно се задушило.

Присутни биле и екипи на итна медицинска помош кои констатирале смрт на лицето со возраст од 78 години (Општина Кавадарци).

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде