Ограбен Фатмир Битиќи, му одзеле цел сеф

Поранешниот потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи е ограбен.

Дел од медиумите пишуваат дека од домот му бил украден сеф, а наводно вкупната вредност на одземените предмети, часовници и пари во разни валути е околу 50.000 евра.

„На 21.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, 49-годишниот Ф.Б. од Скопје пријавил дека во периодот од 07.30 часот на 18.04.2025 до 03.00 часот на 21.04.2025, со употреба на сила и погоден алат било влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и биле одземени пари и други предмети, потврдуваат од МВР за Курир.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Битиќи за ORA24.TV потврдил дека имало кражба во неговиот дом.

„Да, Не би зборувал за детали“, одговори Битиќи за ORA24.TV.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде