Грозоморно злосторство се случило вечерва во Нови Сад кога маж си ја убил сопругата.
Се се случило во семеен амбиент на улицата Војвоѓанска.
Како што објавија медиумите, убиството го пријавило нивното шестгодишно дете.
Полицијата и екипите на итната помош се на терен.
На Инстаграм каналот „192_rs“ е објавено видео од вадењето на осомничениот за убиство од станот во кој се случило злосторството.
Засега не се знае што му претходело на ова страшно злосторство во Грбовица. Истрагата е во тек за да се утврдат сите околности на убиството.
