Невреме во делови од Македонија – УХМР со детали

Од УХМР известуваат дека во моментот источниот и јужниот дел од државата е зафатен со нестабилна воздушна маса проследена со пороен дожд и на одредени места и град.

Нестабилната воздушна маса го зафаќа подрјето од градот Пробиштип, Кочани па се до градот Гевгелија.

Со град се зафатени селата Куклеш и Свидовица во струмичко и нестабилната воздушна маса се движи на север кон градот Струмица и се очекува градското подрчје да биде зафатено со пороен дожд.

Во поладневните часови се очекува пороен дожд во Западна дел од државата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде