Тажна вест: Почина Хари, познат лик од скопските улици

По кратко боледување, почина Хасан Аметовски-Хари (60), кој беше дел од документарецот „Од раскош до бездомништво, од семејство до улица – сурови животни приказни“ на „Претрес“ со Кристијан Ландов.

Неговата животна приказна е потресна, тажна, болна. Беше штитеник на пунктот за бездомници во Момин Поток.

– Почина Хари. Познат од скопските улици. Не се срамеше да каже кој е, но и како пропаднал и станал бездомник.

Секогаш расположен за муабет, да си ги каже маките. Алкохолот и коцката си го земале данокот.

Остави приказна низ која испрати порака – како не треба да се плови низ животот. Нека почива во мир

, напиша Ландов на социјалните мрежи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде