Регистриран силен земјотрес со јачина од 6,3 степени – еве каде е епицентарот

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денес брегот на Еквадор, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC),

при што се оштетени зградите во градот Есмералдас и привремено е затворен дел од нафтената инфраструктура.

Земјотресот се случил на длабочина од 23 км, соопшти EMSC.

Владата во прелиминарен извештај објави дека едно лице е повредено и дека неколку јавни згради и приватни домови се оштетени. Поради земјотресот, во некои области е прекинато снабдувањето со електрична енергија.

Еквадорскиот геофизички институт, кој ја процени јачината на земјотресот на 6,0, извести за втор земјотрес со јачина од 4,1 степени, кој се случи неколку минути подоцна во покраината Гвајас.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде