„Се тресеше многу“: Силен земјотрес во соседството

Земјотрес со интензитет од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 9.43 часот, во Бугарија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал на 28 километри источно од Поморие, во близина на Несебар.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.

„Се тресеше многу“, „Можеше да се чуе како татне“, сведочат граѓаните.

Засега нема информации за материјална штета, а надлежните служби ја следат состојбата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде