Возило излета од патот, меѓу повредените има и деца

Триесет и осумгодишен маж со „бмв“ излетал од пат во Делчево по што биле тешко повредени и двајца малолетни сопатници.

„Вчера во 19.51 часот во ОВР Делчево било пријавено дека на ул.„Индустриска“ во Делчево,

патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.П.(38) од Делчево, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и двајца малолетни сопатници, констатирани во Клиничката болница Штип“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде