И покрај заложбите на локалната власт Охрид да биде вистински туристички центар, привлечен за секој граѓанин, угостителите на секој начин се трудат да ги одвратат гостите да доаѓаат.
Па така, на социјалните мрежи се појави фискална сметка од еден од локалите во градот.
Гостите за кафе макијато платиле 150 денари, за сок 170, а за вода 190 денари.
Човек да се запраша дали е на Миконос, во Дубровник или во Охрид.
Во видеото објавено на Фејсбук покрај фотографија од фискална сметка стои опис: Легендата вели. За кафе и вода во Охрид, треба да земете брз кредит.
