ВИДЕО Силно невреме со врнежи од град во овој македонски град

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните и јужните делови ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Времето во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер.

Во вторник и среда утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст.

Славчо Попоски доцна синоќа објави видео од невремето кое го зафати регионот на Виница.

Видеото погледнете го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде