Teшка сообраајна несреќа, млада жена итно пренесена во болница

Триесет и четиригодишна скопјанка е тешко повредена во сообраќајка во Гевгелија.

„Вчера во 21.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул. „5 Ноември“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки,

управувано од Д.Ш.(25) од Гевгелија и патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Б.Е.(34) од Скопје“, информираат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.Б.Е., констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде