Голема полициска рација на концерт со малолетници (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се алармира за инцидент во локал во Дојран доцна синоќа.

Како што споделува на Фејсбук, имало рација за време на концерт, а голем број малолетници почнале да бегаат.

– Синоќе во Дојран имаше концерт, во 22:30 влегле полиција да прават рација, во моментот кога влегле полицајците бидејки имало огромен број на малолетници некои почнале да скокаат преку ограда и да бегаат по плажата од полицајците.

Полицајците успеале да приведат над 20 малолетници, констатирале дека се служи и алкохол на малолетници, е сега дали ке го затворат локалот или ке напишат казна тоа не знам. Друга и многу битна работа е дека на народ на над 2000 гости обезбедување имало само 5 луѓе, што автоматски значи дека на таа бројка на народ тоа обезбедување е нефункционално тоес исто како да го нема!

Претходно газдата на врата имал негово обезбедување кое било нелегално, но откако му јавиле дека ке има рација го повикал легалното обезбедување и нив ги ставил на врата за да направи маска на полицијата дека се е во ред, напиша Благојчо Горгиев на Фејсбук.

Се очекуваат официјални информации од Министерството за внатрешни работи. 

Видеото погледнете го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде