Јутјуберот Стефан Лазаров објави дека се запалени куќата и станот на новинарот Зоки Фаци, каде по неговата смрт живеат внуците.
Лазаров во објавата, опишува дека ваквата ситуација е резултат на неказнивост и рекација на институциите.
„Оваа објава мора многу сериозно да се сфати од сите институции. Ова утро за малку беше избегната уште една трагедија!
Следново што ќе го прочитате е уште еден показател дека живееме со монструми, а систем да не заштити нема, пишува Стефан Лазаров. Ова утро за малку не беа запалени куќата на Зоки Фаци во Катланово и станот во Ново Лисиче во кој сега откако Зоки почина живеат неговите внуци и сестра.
Зградата се наоѓа веднаш до основното училиште Лазо Ангеловски и не сакам да помислам колку ќе беше страшно доколку комшиите не изреагираа на време, затоа што пожарот започнал во ходникот на зградата и можел да се прошири низ цел спрат!
Е сега се ова станува уште по хаотично! Замислете, пожарот е подметнат од ТАТКОТО на внуците на Зоки (неговиот зет).
Подолг период ги малтретира, им упатува закани по живот, е хроничен алкохоличар, пријавуван 100 пати досега, со докази за насилство и докази дека им најавува дека ќе ги убие“, пишува Лазаров.
