Доцна синоќа, тројца жители на селото Тркање биле донесени во кочанската болница со повреди нанесени со остар предмет.
Тие биле ранети од двајца нивни соселани, во тепачка која избила пред селската продавница, соопшти МВР.
„Денеска (2 мај) во 00:35 часот во Полициската станица Кочани од Итната медицинска помош во градот било пријавено дека кај нив биле донесени Ж.Б., М.Б. и Т.С. со повреди од остар предмет, a,
според пријавеното, тие биле нападнати пред продажен објект во селото Тркање, од страна на И.М. и Б.М. од истото село.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.
