Возачот не застанал на полициски знак, по што удрил во службено возило на МВР на булеварот Босна и Херцеговина во Скопје.
Инцидентот се случил на 1 мај околу 20:40 часот.
Возилото „бмв“, со скопски регистарски таблички, управувано од 55-годишниот Ш.Е. од Скопје, не застанало на даден знак за запирање од страна на полициски службеници од СВР Скопје.
По кратко време, возилото удрило во „голф“, сопственост на МВР.
Веднаш биле преземени мерки, при што било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол.
