Премиерот Мицкоски објави одлични вести

Премиерот Христијан Мицкоски објави нови одлични вести на својот Фејсбук профил.

Сакам да објавам одлични вести од Царинската управа – кои се показател со бројки и факти дека се работи одговорно и домаќински, напиша Мицкоски.

„Царинската управа во текот на месец април наплати приходи во износ од 11,7 милијарди денари што е за 7,3 проценти или 792 милиони денари повеќе од истиот месец минатата година.

Притоа приходите од данок на моторни возила се зголемени за 20,5 проценти, од царина за 14,1 процент, а од акцизи за 16,3 проценти.

Вкупно од почетокот на годинава, за четири месеци Царинската управа наплати приходи во износ од 41,2 милијарди денари што е за 4,1 процент или 1,6 милијарди денари повеќе од истиот период минатата година.

Истите овие средства веројатно порано завршувале во приватни џебови. Сега тие се во буџетот за граѓаните“, истакна премиерот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде