Тешка сообраќајна несреќа, малолетник итно пренесен во болница

Вчера во 13.55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од улицата „Натанаил Кучевишки“ и улицата „Хо Ши Мин“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу

патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Н.Д. од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде