ВОНРЕДНО: Пукање во локал на штипскиот плоштад – едно лице тешко повредено

Вооружен инцидент се случил вечерва во центарот на Штип.

За пукањето во Штип, од полицијата соопштија дека вечерва околу 21.30 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад е пукано со пиштол при што едно лице е повредено.

Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип.

„Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот“, велат од МВР

На социјалните мрежи се појави и фотографија од напаѓачот. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде