„Сите коски и беа искршени, градниот кош и беше отворен, срцето и распукало“ – потресни зборови на судењето за младата Фросина

Обвинетиот Васил Јованов (21), кој во јануари смртно ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова на пешачки премин кај Универзална сала, денеска призна вина и изрази каење на судењето против него во Кривичниот суд Скопје.

Таткото Тодор Кулаков смета дека двајцата родители на Васил Јованов треба да одговараат што нивниот син имал пристап до автомобилот со кој ја усмртил нивната ќерка.

Тој го праша возачот Јованов зошто го свртел воланот, наместо да вози право, и удрил во девојката.

– Кога правдата ја губи вредноста, тогаш државата ја губи душата. Денес не се бориме само за Фросина, туку за ниту едно дете повеќе да не заврши под тркала на безмилосен човек, кој потоа се обидува да избега од одговорност, а судската пракса го потврдува тоа. Фросинче светеше каде и да се појавеше, а нејзиниот живот згасна на најгнасен можен начин.

Од ударот лета во воздух. Сите коски и беа искршени, градниот кош ѝ беше отворен, срцето ѝ распукало. Како клучно, прашувам: зошто Васил нагло свртува кон неа, зошто не продолжи право? Дали е тоа агресија? Барам одговор, овде пред сите. Зошто, наместо право, сврте кон нашето чедо“, рече Кулаков.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде