Шест лица загинаа кога мал авион за брза помош се урна на пат од централно кон северно Чиле, соопштија денеска локалните власти.
Остатоците од авионот, кој изгуби контакт во средата попладне, се пронајдени без преживеани, соопшти јавното обвинителство.
Чилеанските воздухопловни сили соопштија дека остатоците од авионот се пронајдени во близина на градот Курасао, на периферијата на Сантијаго, објави весникот Ла Терцера.
Според Генералниот директорат за цивилна авијација, авионот летал од Сантијаго кон северниот град Арика, кога исчезнал од радарите во средата попладне.
Јавното обвинителство заедно со екипи за итна реакција ги истражува причините за несреќата, јавува Танјуг.
