Доцна вечерва имаше пукање во кафуле во центарот на Штип.
Според првичните информации од полицијата, едно лице е повредено и е префрлено во болницата во Штип.
„Вечерва околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено.
Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот“,информираа од МВР.
Според очевидците, како што пренесуваат дел од медиумите, инволвираните во инцидентот седеле на различни маси кога напаѓачот посегнал по огнено оружје и го застрелал другото лице пред голем број очевидци.
Веднаш потоа лицето со возило се дал во бегство.
Според неофицијални информации лицето со возило тргнало да бега во правец кон Скопје, а кај патарината Миладиновци не застанал, ја пробил рампата и продолжил да бега.
Неофицијално полицијата отворила оган кон возилото во обид да го запре.
ВИДЕО Секојдневието Во Штип
