За денеска најавено невреме – најнова прогноза на УХМР

Во недела на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.

Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.

Утринските температури се движат од 3 до 10, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 14 и 25 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, со температура до 25 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде